25.7.2008
 
 








  Дома
  Резултати
  ТВ
  :: УЕФА
  :: ФИФА
  Линкови
  Вести
  Коментари
  Контакти
  Галерија













©2004, Website Designed and Hosted by UNET


...ЗА ПРАВИЛЕН ИЗГОВОР - PRIMERA España ...

За сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за правилното изговарање на тимовите и фудбалерите од шпанската лига, во оригинален изговор. Овој линк постојано ќе го дополнуваме согласно Вашите прашања...

 

Sergio Ramos = Серхио Рамос, а никако Серџио или Сержо

 

Getafe = се чита Хетафе

 

Almería = се чита Алмериа, со акцент на РИ.(а во оригиналиот испис се пишува и акцентотна и). Но, ако Алмерија се чита по македонските граматички правила со акцент на МЕ, тогаш би требало тие да се употребуваат и при читање на БарСЕлона, со акцент на СЕ (по македонските правила, третиот слог отпозади). На шпански во оригинал е онака како што постојано ја изговараме, со акцент на ЛО. Значи, ако се почитуваат шпанските правила во граматиката, тогаш би требало тоа да важи за сите транскрипти, или пак ако се почитуваат македонските, тогаш исто така. Најлоша варијанта е кога се прави за едни по шпански правила, а за други по македонски... класичен хаос во транскрипцијата.

 

Michel Salgado = се чита Мичел Салгадо (со акцент на и во името и второто а во презимето)

 

Murcia = Мурсиа се чита, а се пишува Мурсија (во мак.транск.)

 

San Mamés = се чита Сан Мамéс со акцентот на е. Никако Сан Мáмеш, тоа е исклучиво португалски!

 

Валенсија и Ваљадолид, не ретко може да се слушнат на шпанските електронски медиуми и како Баленсија и Баљадолид. Тоа воопшто не е грешка, туку и тоа е правилен изговор (нормално во зависност од дијалект на регион) кое постои во шпанската граматика и литература. Правилото за буквите В и Б, е децидно дека и во двата случаи, читањето и граматички исправно. Од тие причини не се збунувајте ако едно исто име, пр. Валенсија ја чуете и како Баленсија. Тоа е прецизното правило, за „непрецизирање„ на употребата на овие две букви.

 

Montjuïc = се  чита Монѓуик, односно во најтврдата варијанта Монџуик, но никако Монжуик... сепак не се наоѓа во Франција, туку во Шпанија.

 

Во изминатиот период добивме повеќе меилови во кои се поставуваа прашања за тоа како се читаат одредени имиња. Очигледно дека во македонска употреба има мал хаос, во однос на ова прашање. Затоа, ние ќе се потрудиме да направиме презентација на некои од тие Ваши предлози и да ги дадеме прецизните одговори во најкраток период. За одговорите се консултиравме со некои од училиштата кои работата со шпанската граматика, а во најголема мерка со трудовите на д-р Војмир Виња, една од најкомпетентните личности за шпанската граматика, на Балканот.

На крајот, сепак Ваш е изборот дали ќе ја прифатите или не шпанската како оригинална или ќе се движите по македонските правила за транскрипт. Но како и да е не е грешно ниту едното (шпански, кастијански) ниту другото (македонски), но сепак мора да биде едно и секогаш по строго напишаните правила.

José María Gurtiérrez ´GUTI´ - Хозé Мариа Гутиéрес ГУТИ (со означените акценти бидејќи и во шпанскиот може да се разликува, а Мариа акцентот е на и, - без ј како во македонскиот)

 
 
 
01.10.2007 - „Б„ И „Д„ ГРУПИТЕ ЌЕ ДОИГРУВААТ НА 13 ОКТОМВРИ ВО 9.00
16.09.2007 - ГРУПА Ц ВО НОКАУТ ФАЗАТА!
10.09.2007 - PLAY STATION ТОПКИ ЛИГА - Б ГРУПА
10.09.2007 - PLAY STATION ТОПКИ ЛИГА А ГРУПА - ПРВО КОЛО
03.09.2007 - PLAY STATION ТОПКИ ЛИГА
30.08.2007 - АНТОНИО ПУЕРТА (СЕВИЉА) ... ОД ТЕРЕН, НА НЕБО....
17.07.2007 - БРАЗИЛ ЈА ОСВОИ КОПА
26.06.2007 - КОПА АМЕРИКА - ВЕНЕЦУЕЛА 2007 / РЕПРЕЗЕНТАЦИИ
29.05.2007 - ПОСЛЕДНОТО ПИСМО ОД ФИФА ДО ФФМ
15.04.2007 - КОЛКУ СМЕ НИЕ СПОРТСКА НАЦИЈА ?
19.03.2007 - ТРИ МОМЕНТИ КОИ НЕ ВЕТУВААТ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ИМА СВЕТЛА ИДНИНА....
26.01.2007 - ДАЛИ ФФМ ЌЕ ГО ОДБИЕ И ОВОЈ СКАНДАЛ ИЛИ ...?
10.12.2006 - ДУРИ СЕГА „ЗАСМРДЕ„ ПРВИОТ НАТПРЕАВАР ВО АНДОРА
04.01.2005 - DO KOGA ?
18.01.2005 - НАСКОРО...
28.02.2004 - Одиме понатаму
27.08.2003 - БРАВО ЗА ЛАЗЕ МИТРОВСКИ !... (изјава на месецот !)
06.07.2003 - ДВА ЖОЛТИ И ЕДЕН ЦРВЕН !
04.05.2003 - ДВА ЖОЛТИ И ЕДЕН ЦРВЕН !
20.12.2002 - АПОКАЛИПСА СЕГА ! (барем нека исчезне па и официјално да знаеме дека го нема)
23.09.2002 - ФУДБАЛОТ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ТРКАЛА, НО КАДЕ ?
25.07.2002 - ЖАЛНО ПРОПАЃАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА "БУБА МАРА"
06.11.2002 - РЕДНО ВРЕМЕ Е ЗА МИРУВАЊЕ, БАРЕМ ЗА НЕКОГО...
16.05.2002 - МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ПРВА ЛИГА(ВЕШНИЦА)
14.05.2002 - ИАКО Е ШТЕТНО „ЗА ЗДРАВЈЕТО“...
05.11.2002 - СО ПОМАЛКУ „СКИНАТИ НЕРВИ“, АКО ДАДЕ ГОСПОД...
29.04.2002 - КОНЕЧНО ФУДБАЛ И КАЈ НАС, ЗА ЖАЛ РЕВИЈАЛЕН !
24.04.2002 - СИТЕ НАОПАКУ-НИЕ ТЕРСЕНЕ, НО СЕПАК ВО САБОТА ПРАЗНИК
10.04.2002 - Има ли спорт во спортот ?
04.04.2002 - На македонската „Куќа на фудбалот“ и е потребно реновирање
 
 
> >>